Костадинов откри како ја довел линијата во ред: Воведов една намирница во исхраната!

by Fokus

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов деновиве е акутелен поради одржувањето на една од најпрепознатливите манифестации во општината, Струмички карневал, кој завршува утре, кога карневалистите симболично ќе му го вратат клучот од градот.

Токму карневалските активности беа повод за интервју со Костадинов, кое е објавено во неделникот „Фокус“, а едно од прашањата кои му ги поставивме на градоначалникот е поврзано со неговата драстична физичка промена.

- Advertisements -

Имено, изминатиот период, не може, а да не се забележи дека тој има изгубено доста килограми.

На прашањето на што се должи промената, дали се работи за нов режим на исхрана и спортување, или пак напорен работен период, Костадинов одговара дека имал потреба за внес на баланс во секојдневието.

-Всушност, како долгогодишен вегетаријанец решив да направам промена во начинот на исхрана и во мојата исхрана воведов месо. Работата на градоначалник е долгочасовна и динамична, со различни обврски и средби, па во овој контекст решив да усвојам поразновиден, поурамнотежен начин на исхрана.
Ова произлезе од потребата за внес на баланс во секојдневието, со приоритет на одржување на енергијата и фокусираноста за ефикасно исполнување на моите должности. Здравото тело помага да се одржи здрав ум, што е од суштинско значење за ваква улога. А виталноста и физичката промена се само дополнителен плус, изјави Костадинов, кој дојде на чело на општината на 31 година.

Додаде дека да се биде градоначалник е голема чест, но и огромна одговорност, а поддршката, идеите и конструктивните повратни информации од струмичани му помагале да остане фокусиран и мотивиран да работи кон прогрес секој ден.

Инаку, барем во земјава, кога се јавните функционери во прашање, како да постои непишано правило според кое веднаш штом некој дојде на јавна функција, става по неколку килограми плус.

На темава чести се бројните јавни реакции, дека всушност седнување во функционерска фотелја значи и седнување на многу богата трпеза, па поради тоа реткост се политичарите кои успеваат да одржат иста килажа и по завршување на мандат, а уште поретки се оние пак, кои успеале дури и да ја намалат килажата, како што е случајот со Костадинов.

Вики Клинчарова

Поврзани новости