Ставот на СДСМ е дека веднаш по нормализацијата со коронавирусот треба да се оди на избори, одговори портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на новинарско прашање како од ситуација седете дома веднаш се дојде до ситуација ајде на избори.
„Имајќи ги предвид последните мислења и заклучоци на експертите, епидемиолозите и лица кои навистина ја разбираат оваа проблематика дека се наоѓаме во една друга фаза каде вирусот Ковид-19 полека го губи интензитетот. Нашиот став е дека веднаш по нормализацијата со корона вирусот треба да се оди на избори. Зошто? Заради тоа што е тоа важно и за економијата, секако имајќи ги предвид и мислењата што кружат низ Евопа и светот дека можеби нè очекува и некој нов бран на Ковид-19, одговорно е да имаме демократски избори и функционален парламент“, рече Костадинов.