728
Одлуката на претседателот Заев е негова лична одлука и ние ја почитуваме. Тоа е одлука што кај нас првпат се случува од позиција на власт, тоа е голем чин, но имајќи ги предвид состојбите, истакна претседателот на Централниот одбор на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето во „Утрински брифинг“.
-Многу процеси во државата сега течат во вистинска насока. Од партијата, пак, испративме пораки на обединување и партијата дополнително ќе се реорганизира наредниов период. Верувам дека патот што е трасиран изминатиот период ќе го задржиме и не сакам да верувам дека повторно ќе имаме процеси на назадување и периодот на убиство на духот на младите повторно да се врати, истакна Костадинов.