Костадин Костадинов – членот на ИО на СДСМ во емисијата „24 анализа“ рече дека радува фактот што имаме повеќе номинации за претседатели на државата и смета дека било какви коалиции се пропаднати.
– Сето тоа е во фаза на номинации, треба да помине низ вратрепартиските тела и органи на партиите треба да имаме посебен конгрес за кандидат за претседател. Очекувам дека ќе се повтори сценариото од претходните претседателски избори, каде победа ќе извојува кандидатот на СДСМ. Останува да дојдат изборите и да видиме, мојот став е дека ќе ни се случува реприза на претходните избори – рече Костадинов.
Сашо Клековски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, пак, рече дека отсекогаш сме имале претседателски амбиции, прашање е кој ќе успее да собере потписи. Јасно е дека ќе се направи обид да сите политички патрии што ги поддржуваат кандидатите да демонстрираат моќ и да се види колку брзо може да ја завршат задачата.
– Кандидатката Гордана Силјановска Давкова најави дека ќе оди на собирање на 10.000 потписи и сите ќе се одлучат на таква варијанта. Собирањето на потписи не е толку едноставно, тие се собираат на овластени места на подрачните единици. Не се тоа фејсбук лајкови, туку потписи од граѓани. Мислам дека со голема веројатност ќе има 5-6 кандидати кои ќе ги соберат тие потписи. Некои од новите влезови во политиката преземаа ризик да се пробаат во тоа и во претседателската трка. Повеќето политички партии сфатија дека ќе биде важен претседателскиот резултат како индикација каде се движи гласачкото тело и нивно отсуство од претседателската трка може негативно да влијае на нивните парламентарни избори – вели Клековски.