615
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов најде решение за проблемот со загадувањето во овој град. Тој денеска објави на својот Фејсбук профил дека ќе дава 10 денари од кубен метар семејствата кои ќе одлучат да инсталираат природен гас за да се згреат.
„Денеска предложив и советот ја прифати една од најважните мерки, директна субвенција на цената на природен гас за домаќинствата. На секој потрошен кубен метар природен гас ќе добивате по 10 денари субвенција. Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух. Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро“, објави Костадинов на социјалните мрежи.