Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов во Нови Сад одржал средба со музичката ѕвезда Ана Ѓуриќ Констракта, по повод фестивалот ,,GetExitEd“, кој на 7-ми септември ќе се случува во Струмица.
На средбата присуствувал и Душан Ковачевиќ, основачот на ,,Exit“, а Костадинов посочи дека Струмица и оваа година ќе се потруди и максимално ќе се вложи, музичкиот хепенинг повторно да звучи грандиозно и да се чуе надалеку.
Ова ќе биде второ издание на фестивалот, кој и минатата година изненади со огромниот интерес на јавноста и посетителите од целата земја.
Според Костадинов, ,,GetExitEd“ е настан кој нé обединува во процесот ,,Отворен Балкан“, и фестивалската програма во септември ќе понуди регионални и светски познати музички ѕвезди и имиња.
Вики Клинчарова