Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави денеска дека неговата мајка се повлекла од Централниот регистар во Струмица каде беше вработена. Оставката дојде по најавата на премиерот дека роднини на функционерите ќе се повлечат од своите работни места.
-Иако мојата мајка е вработена на транспарентен оглас, објавен оглас, каде што се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со неа и таа ќе се повлече од работното место. Очекувам овој принцип на висок морал да го следат и останатите функционери.
На прашањето кои ќе бидат првите кои ќе се повлечат од работните места во државната администрација, Костадинов рече.
-Пред се, еве за мојот случај ќе кажам, тоа се оставки, значи си даваат оставки од работното место, не станува збор за отказ и не можам да кажам, тоа останува на функционерите, тоа е личен чин да постапат сами – додаде портпаролот на СДСМ.