Костадинов: Мојата канцеларија ќе биде отворена

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, вечерва на централниот митинг во Струмица истакна дека планира активно да работи за иден развој и напредок.

-Одбирам да работам со луѓе кои пред сѐ се полни со љубов за нашата Струмица. Еднакви права и можности треба да уживаат сите жени, мажи, момчиња и девојчиња во сите аспекти на нивното живеење – општествени, политички, правни и економски. Жените не се само предодредени да бидат мајки, сопруги, туку континуирано влегуваат во сите пори на општеството, што е за вистинска почит и охрабрување. Токму ова е причината мојот тим да е родово балансиран – порача Костадинов.

Како градоначалник, рече тој, вратата од неговата канцеларија ќе биде вистински отворена за сите Струмичани. Тој најави дека клучни проекти кои ќе ги реализира се Чешел пазар, нова противпожарна станица, Булевар по “Св. Илија“ низ касарната, Булевар “Братство и Единство“ кон Агроберзата, Булеварска делница, во правец на булеварот “Климент Охридски“ кон Жито Струмица, кон бензинската пумпа на “Макпетрол“ и кон Кукли, Дом во Банско и во Куклиш, нов градски пазар итн.

Поврзани новости