Портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека го излажал бугарскиот премиер оти докторирал во Италија и магистрирал во Германија.
„Лажењето го наследил од неговиот шеф Груевски. Колку лаже Мицкоски е доказ и средбата со Борисов каде што, практично го излажа на Борисов ама буквално се што кажа. Ова е една од многуте лаги. Мицкоски го лажеше Борисов дека докторирал во Италија, магистрирал во Германија… Заборавил дека постои веб-платформа на машинскиот факултет, каде јасно се гледа дека Мицкоски дипломирал, магистрирал и докторирал на машинскиот факултет во Скопје“, напиша Костадинов на фејсбук.
Притоа, тој ја приложи официјалната биографија на Мицкоски, од која се гледа дека тој магистрирал на машинскиот факултет во периодот од 2001 до 2003 година, а докторирал на истиот факултет во периодот 2005-2009 година.