Костадинов кон ВМРО-ДПМНЕ: Па вие само за опашки сте потрошиле еден милион евра народни пари!

by Fokus

Оваа Влада предводена од СДСМ и гради и го намалува долгот, порача пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната седница на Собранието на Република Макеоднија.

– Нема „ќе“ го вратиме долгот, граѓаните го враќаат долгот од недомаќинското и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните враќаат 2,3 милијарди евра заради вашето криминално владеење. И сега ќе кажувате дека во 21 век не се зборувало за водоводи и канализации, ама затоа поденсувате амандмани за опашка на споменици. Па вие само за опашки сте потрошиле еден милион евра народни пари, истакна Костадинов во својата реплика.

- Advertisements -

Костадинов порача дека има голема разлика меѓу работењето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и додаде  дека доказ за позитивно движење на економијата е раст од 3,5 насто, додека за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ била минус 4.

ВМРО-ДПМНЕ најавува протест ако се зголеми минималната плата. Нека ви е на чест, рече Костадинов, додавајќи дека минималната плата е веќе зголемена.

За разлика од „ќе“ владата на ВМРО-ДПМНЕ сега минималната плата е зголемена, наместо „ќе“ градиме, изградивме 500 километри патишта за 2 години, посочи Костадинов.

Поврзани новости