601
Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов преку социјалните мрежи информираше дека градоначалничкото службено возило ќе биде продадено и нема да користи службен телефон.
„Не за службено возило од општината, не за службен телефон на сметка на општината и граѓаните. Една од првите одлуки кои ќе ги предложам до советот на општина Струмица ќе биде продажба на службеното возило на градоначалникот, финансиите од средствата ќе бидат наменети за проект Младински Културен Центар во Струмица. Само на тој начин ќе ја реализираме нашата заедничка главна цел, Струмица Европски главен град на младите“, соопшти Костадинов.