Христијан Мицкоски должи одговори пред граѓаните за тоа на кој начин ја изградил академската и професионална кариера, рече денеска во изјава за медиумите, Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.
„Јавно достапните информации се основан сомнеж дека тоа можеби го направил преку непотизам, благодарение на неговиот татко Иван ,етаблиран професор на Машинскиот факултет. Што покажуваат фактите? Мицкоски магистрирал и докторирал на факултетот каде што предава неговиот татко. Потоа Мицкоски станува и негов асистент. Да, од толку многу професори Мицкоски бил асистент токму кај неговиот родител – истакна Костадинов, кој го покажа и распоредот на предавања.
„Ова е распоредот на предавања на Машински факултет за летниот семестар во учебната 2015/2016 година. Јасно се гледа дека на трите предмети што ги предава професор Иван Мицкоски, асистент не бил никој друг туку неговиот син Христијан. Дополнително, во сите книги и учебни помагала наведени во биографијата на Христијан Мицкоски (објавена на веб страницата на МФ) како ко-автор е наведен токму неговиот татко, професорот Иван – додава Костадинов.