Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов ја продолжува долгогодишната традиција на поранешниот градоначалник и премиер Зоран Заев, да ја дочека Новата година заедно со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско.
Тој објави фотографии од дочекот и откри дека си поминале прекрасно, како и секогаш. На фотографиите може да се забележи дека градоначалникот е во друштво на неговата партнерка, Гордана Георгиева, струмичанка по потекло, која е докторка на Клиниката за пластична хирургија во Скопје.
-За весела атмосфера ги пеевме песните од Тоше Проески и Гоце Арнаудов. Си посакавме многу среќа, здравје и бериќет во Новата 2024 година – истакна Костадинов.
Неговиот сопартиец Зоран Заев, кој беше градоначалник на Струмица од 2005 до 2016 година, беше познат како голем поддржувач и пријател на штитениците во Заводот.
Тој заедно со сопругата Зорица повеќе од 14 години ја чекаше Новата година заедно со нив.
-Од пред Нова година до сабајле до четири часот јас бев со нив и ми беше многу убаво. На штитениците им значеше многу. Се пееа песни од Тоше Проески, наши стари македонски песни- раскажуваше тој во постаро интервју.
Во 2015 година пак, кога одбележале десет години заеднички новогодишен дочек, штитениците му подарија торта.
Вики Клинчарова