Костадинов: Истакнат член на ВМРО во Струмица барал сексуални услуги за завршена работа

by Фокус

Христијан Мицкоски бега од избори, зaшто е исплашен од поразот што го очекува, изјави портпаролот Костадин Костадинов на Канал 5.

-Ним не им е ни до здравејто на граѓаните, ни до интересот на државата. ВМРО-ДПМНЕ бега од избори затоа што не може да избега од секојдневните скандали што ги прават нивните партиски функционери. Еве денеска имаме нов скандал кога истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, вработен во Центарот за социјални грижи, бара сексуални услуги за завршена работа. Има информации и за фирми блиски до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за што веќе Обвинителството и по допрен глас отвора предмет. Истовремено има информации и дека првиот братучед на Александар Николовски бил управител на фирма која се занимава со производство на масло од канабис, а кој во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ бил директор на Фондот за здравство. Од овие скандали ВМРО-ДПМНЕ не може да избега – рече Костадинов.

Тој посочи дека Мицкоски вршел притисоци во МВР за случајот „Теретана“, што, според него, покажува дека во ДПМНЕ ништо не се сменило.

Поврзани новости