1.1K
Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов има нов клуб. Тој потпиша за Пјаст Гливице од Полска. Централниот играч за врска потпиша договор кој го врзува со сино-црвените до 30 јуни 2025 година.
Костадинов четири години го носеше дресот на Ружомберок, но во ситуација кога се наоѓа пред раскрсница во својата кариера на 25-годишна возраст, се одлучи за нов предизвик.