7
Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Ова на својот фејсбук-профил го објави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, посочувајќи дека денеска за ова ќе подготви и официјален допис, во кој ќе ја извести ЗЕЛС оти не ја заслужува партиципацијата на градот со кој раководи.
И градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски, вчеравечер најави дека ќе му се придружи на Костадинов и на Општина Струмица во најавата да ја напуштат ЗЕЛС.
“Го напуштаме ЗЕЛС. Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните“, напиша Костадинов.