Костадинов ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласат за одземање на мандатот на Груевски

by fokus

Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов денеска ги повика своите колеги особено, како што посочи од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер кој избега во Унгарија.

Побара од пратениците на опозициската партија да ја почитуваат одлуката на нивниот ИК одржан синоќа.
За лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски рече дека не собрал храброст да ја соопшти одлуката во јавност и дека Груевски, како негов ментор го контролира.
– Исто како Груевски, и Мицкоски сака да префрла одговорност на неговите пратеници кога му е тешко да соопшти јасна одлука и став, рече Костадинов.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешната седница апелира до пратениците за мандатот на Никола Груевски да псотапат според законот и Уставот.

– Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на г-динот Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот, соопшти ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Поврзани новости