637
Како што најавивме деновиве, документите кои што беа доставени до нас како партија , а кои што сме уверени дека претставуваат сериозни индиции за сторено кривично дело, поточно за испумпување на пари на граѓаните од страна на Христијан Мицкоски во времето кога тој бил директор на ЕЛЕМ, денеска ги доставуваме до Обвинителството за гонење на организиран криминал, порача денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Почитувани граѓани, додека сите ние плаќавме за 100% повисока цена на струјата додека Христијан Мицковски директоруваше со ЕЛЕМ тој расипнички се однесувал со парите на граѓаните овозможувајќи им на лица блиски до него, секако сега веќе и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, да се стекнуваат со навистина големи суми на пари.
Преку овој скандал којшто го откривме само со овие два договори којшто беа доставени до нас, практично се докажува како Христијан Мицковски испумпува на некој начин близу 170 000 евра до неговиот соработник Панче Тошковски којшто е и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега е јасна причината зошто толку гласно и Мицкоски и Тошкоски се противеа и на секој начин се обидуваа да го опструираат законот за ЈО. Но уверени сме дека по донесувањето на законот за ЈО, правосудните органи, како и обвинителството се растеретени од било какви политички притисоци и се слободни да одлучуваат.
Оттука апелираме и го повикуваме Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал докрај да го отвори предметот и докрај да го истражи. Јасно ни е, јасно треба да им биде и на Мицкоски, јасно треба да му биде и на Тошкоски дека за секој оној за којшто ќе се докаже дека сторил криминал, одговорност мора да има.
Со овој скандал почитувани граѓани не само што имаме реални сомнежи за сторено кривично дело ова практично е доказ дека и Христијан Мицкоски постапува исто како и неговиот шеф и ментор во Будимпешта Никола Груевски.
Со истите тие расипнички шеми коишто буквално ги осиромашувале граѓаните. Тоа е доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето од матрицата на Никола Груевски, расипничката матрица којшто ја инсталираше во ВМРО- ДПМНЕ.
Убедени сме дека целото ова расипништво ќе биде поразено, секако ќе има одговорност и пред судот на правдата, но најголема одговорност ќе има на 12 април кога ВМРО- ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски ќе убедливо поразени од граѓаните на Република Северна Македонија“, истакна Костадинов.