Костадинов: Димовски не може да одлучува за Јанева бидејќи е обвинет во „Титаник“

by fokus

Пратеникот Коста Костадинов денеска во Собранието побара пратеникот Илија Димовски да биде изземен од Комисија за избори и именувања, каде што е претседател, бидејќи на денешната седница се расправа за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Костадинов барањето за изземање го оправда со постоење на судир на интереси, бидејќи Димовски е обвинет во предметот „Титаник“ на СЈО.

Костадинов предложи комисијата да ја води Зоран Илиоски, кој е исто така пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.

На неговиот предлог одговори Димовски, кој рече дека правата и обврските на пратениците произлегуваат од граѓаните, но и дека ако се оди по линија на барањето на Костадинов за многу пратеници од СДСМ, а кои се членови на Комисијата има сомнежи за вмешаност во најновата афера „Рекет“, а сепак ВМРО – ДПМНЕ не побарала нивно иземање затоа што го почитува правото на презумција на невиност.

 

Поврзани новости