Костадинов денес ќе го предаде клучот од Струмица на карневалистите

by Fokus

Денес започнува традиционалниот Струмички карневал, локален обичај со вековна традиција, поврзан со верскиот празник Тримери. Настанот е и туристичка манифестација која секоја година носи голем број на туристи во Струмица и ги полни сместувачките капацитети во градот и околината.

Денес во 18.30 часот струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов симболично ќе им го предаде клучот од градот на карневалистите, а враќањето на клучот ќе се случи наредната среда, на денот кога и официјално завршува карневалот.

Во меѓувреме, најавена е богата програма, изложба на карневалски маски, литературни остварувања на тема карневал, концерти на струмички музички училишта, изложба на карикатури… Интернационалната карневалска поворка која секоја година најмногу го привлекува вниманието ќе се одржи во сабота со почеток од 18.30 часот, а резултатите за најуспешните маски ќе бидат соопштени во понеделник.

Вики Клинчарова

Поврзани новости