Костадинов: Дали ВМРО најавува нови блокади како на 27 април?

by Фокус

Костадин Костадинов, портпарол на владејачкиот СДСМ, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не излегува од филмовите на конфликт.

-Кога велат дека ќе блокираат институции дали мислат на блокирање како на 27-ми април? Агендата на Христијан Мицкоски останува иста – одбрана на криминалот на режимот, обид да се загрози правдата и тајкуните на режимот да се претстават како жртви, обид да се блокира земјата, да се спречи напредокот кон НАТО и ЕУ. Мицкоски нема да успее. Напредкот ќе продолжи, застанување нема – порача Костадинов.

Тој повторно побара лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори дали се гледал со Никола Груевски, со новинарот од Италија што ги објавува снимките поврзани со случајот „Рекет“, како и со еден од осомничените Зоран Милески – Кичеец?

Поврзани новости