Аберот од Будимпешта пристигна, Христијан Мицкоски извршителот на Груевски утре ќе маршира за неправда. Откако не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега ќе протестираат против правдата, против одговорноста, против независното судство, реагира пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов.
-Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.Мицкоски и Груевски протестираа кога се отворија предметите против криминалците од ВМРО-ДПМНЕ, протестираа кога беше донесена пресудата против Груевски, протестираат и денес кога донесовме нов Закон за Јавно обвинителство кој е темел за реформите во судството. Тоа е истата криминална врхушка, се уште непроменета се уште со старите навики на контра-протести на притисоци врз судството и бегање од правдата.Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај. Секогаш кога Мицкоски ќе изговори правда, мисли на криминал. Мицкоски прави се за да го заштити неговиот шеф Груевски за злоделата. Мицкоски, тој филм нема да го гледаш. Можеш против правдата да протестираш, криминалот на твојот шеф и твоите пајташи нема да го одбраниш. Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки. Сите ќе одговараат пред правдата и Мицкоски не може ништо да стори околу тоа, изјави Костадинов.
Неговата рекација доаѓа откако Мицкоски ги повика граѓаните на протест утре од Јавното обвинителство до Врховниот суд, со цел, како што рече, да ја пратат пораката дека мора да има одговорност за премиерот Зоран Заев. Протестот следува откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ објаби „Бомба“, која според Мицкоски докажува дека Заев диктирал одлуки на Врховниот суд.