Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов е избран за претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Заменик-претседател во Комисијата ќе биде пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири.
Останати членови на Комисијата се следниве пратеници: Горан Мисовски, Јован Митрески, Фаница Николовска, Фадил Зендели, Мерита Колчи – Коџаџику, Арбен Зибери, Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Дафина Стојаноска, Игор Јанушев, Никола Мицевски и Сурија Рашиди.
Новиот комисиски состав доби поддршка од 90 гласа „за“.
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, реагираше зошто неговата партија не добила шанса да биде во Комисијата. Поддршка доби од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска-Давкова, но Џафери им образложуваше зошто нема место во ова собраниско тело за Левица.