Нашите заложби се остваруваат. Донесовме историски одлуки но и историски остварувања. Тоа што за многумина претходно беше невозможно, ние го направивме возможно, истакна Коста Петров од СДСМ.
„Денес, Република Македонија е економски стабилна, сигурна и безбедна држава. Денес, сите ние живееме во држава која гради мостови на пријателства и добрососедство. Денес, сите ние живееме во држава која стои рамо до рамо со најмоќните држави во светот. Ние сме држава членка на НАТО алијансата.

Денес, сите ние можеме гордо да зборуваме за успесите кои ги постигнавме и тоа за само две и пол години.
Денес ние со факти можеме да потврдиме дека 2.5 е повеќе од 11. Затоа што за само 2 и пол години направивме многу повеќе од 11те години на ДПМНЕ.
Факт е дека ја вративме нашата земја на мапата на светот. Денес светот зборува позитивно за нас и сите не посочуваат како блескав пример во регионот.
Факт е дека нашите економски политики носат резултати и граѓаните ги чувствуваат придобивките преку зголемени плати, намалени трошоци, преку мерките за поврат на средства и помошта на најранливите категории на граѓани.
Факт е дека имаме рекордно намалување на невработеноста на 17.1%. Само за споредба, во 2013та година стапката на невработеност изнесуваше 31%“, истакна потпретседателот на СДСМ.