Коста на полицајците им рекол дека знае што направил: Убив најмалку осум, а најмногу 25 луѓе

by fokus

Српските медиуми пренесуваат дека додека полицајците го превезувале Коста Кецмановиќ, кој денеска уби 8 ученици и еден член на обезбедувањето, го прашале дали знае што направил, на што тој им одговорил:

-Да, убив најмалку осум, а најмногу 25 луѓе.

Како што пишува „Блиц“ Кецмановиќ (14) кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, сам направил молотови коктели кои му биле пронајдени во ранецот.

– Татко му го носел стрелиште, многу вежбаше и се виде дека е многу вешт штом го застрела чуварот од 14 метри, додава изворот на „Блиц“.

 

Поврзани новости