Во зградата на Високиот суд во Белград, како што дознава српска „Република“ Коста Кецмановиќ на прашањата одговара со пауза од една до две минути.
Во пресрет на судењето беше одлучено Коста да сведочи од говорница во судницата, а не од посебна просторија.
Коста денеска за првпат одговорил на прашањето кое година и пол ги мачи сите родители на убиените деца – зошто ги убил своите врсници.
– Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа намерно, но не бев сигурен дека ќе пукам – рекол, според пишувањата на српските медиуми, Коста Кецмановиќ.
Прашања можат да поставуваат оштетените, судијата, обвинителот, обвинетите и нивните адвокати.
Пред обвинителството прашања треба да му поставуваат двајца јавни обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кои во овој случај се инволвирани од почетокот на постапката.
Мајката на момчето, која беше обвинета во овој случај, во судот дошла од слобода, додека таткото е донесен од притвор.
Малолетникот денеска за првпат е изнесен од установата во која се наоѓа по делото.
Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.