Осомничениот ученик Коста Кецмановиќ (13), кој во средата на 3 мај уби девет лица во ОУ „Владислав Рибникар“, сакал да изврши масакр пред еден месец, изјави началникот на белградската полиција – Веселин Милиќ.
Момчето на полицијата и кажало дека пред извесно време планирало да направи нешто слично на училишното игралиште, но потоа се откажало од таа идеја“, изјавил началникот на белградската полиција.
Како што пишува Мондо.рс, извор запознаен со истрагата за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ тврди дека момчето се откажало од првичната идеја бидејќи не смислило сè. Исто така, тој наводно мислел дека тоа може да биде „пропуштена шанса“.
„Тие беа на отворено, мислеше дека најверојатно ќе избегаат ако го извади оружјето и исходот нема да биде како што сака. Така направил прецизен список со имињата на неговите пријатели, а потоа мапа како во некоја видео игра. Ја следел шемата на влегување и излегување од училиштето, како и распоредот на училницата и почнал да убива според неа, но не сметал на отпорот на чуварот и учителката, како и на дежурните ученици. Класот 7/2 отиде на екскурзија минатиот месец и впечатоците беа прекрасни. Сите се забавуваа, се дружеа, играа, а со нив беше и ова момче. Има и фотографии од екскурзијата со него. Со некои деца се дружеше повеќе, со некои помалку, но сите завршија на неговата листа за убиства. Тој делел и училишна клупа и ужина со некои од децата што ги убил“ – рекол изворот.
Истиот извор додава дека осомничениот додека ги подготвувал убиствата во период од еден месец се однесувал нормално и се дружел со лица кои му биле на списокот за ликвидација.