Коста Кецмановиќ: Мајка ми секогаш бараше да бидам најдобар, се лутеше и викаше кога не бев најдобар!

by Fokus

Момчето-убиец кое на 3 мај минатата година го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска, како што потврди српски „Блиц“, за масакрот ја обвини неговата мајка Миљана Кецмановиќ.

„Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобра. Бидејќи постојано бараше повеќе од мене, и јас бев лут на неа. Нејзиното однесување влијаеше на мене да го правам тоа што го правев. Да ги немав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова“ – ова го изјави денеска Коста Кецмановиќ пред Специјалниот суд во Белград на сведочењето во судската постапка против неговите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ.

Прашањата до момчето убиец ги поставил главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, а првпат во процесот директно учествува и шеф на обвинителство.

Момчето убиец кое на 3 мај минатата година го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, денеска за првпат откако уби невини деца и училишниот чувар се најде лице в лице со семејствата на своите жртви, но и со неговите родители, со кои откако е обвинението му беше забрането да комуницира.

 

Поврзани новости