Коста Кецмановиќ ги исклучил камерите во станот два дена пред масакрот, никој не забележал!

by Fokus

Коста Кецмановиќ, момчето-убиец, кое изврши масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ кога уби девет ученици и работник од обезбедувањето на оваа образовна институција, бил фасциниран од војната и оружјето, а се открива и како дошло до тоа.

Коста очигледно го подготвувал злосторството.

Имено, како што дознава српска „Република“, Коста два дена пред злосторството, на 1 мај, ги исклучил камерите во станот за да го земе оружјето на неговиот татко.

Во станот на Кечмановиќ имало камера која гледала во плакарот каде што бил пиштолот. Како што дознаваат, таа не функционирала од 1 мај, а се сомнева дека момчето-убиец намерно ја исклучило за да го земе пиштолот без докази.

Момчето-монструм е сместено само во просторија со тоалет на Детската клиника за неврологија и психијатрија на Клиничкиот центар на Србија.

Тој е под посебни безбедносни мерки кои заеднички ги спроведуваат Министерството за внатрешни работи на Србија и Клиничкиот центар.

Болницата ќе функционира во вонредни услови кои личат на затвор се додека таму го прегледуваат психијатри и психолози по невиденото злосторство што го изврши на 3 мај, изјави информиран извор за српски „Телеграф“.

Гледано од главниот влез на клиниката, малолетниот убиец престојува во задниот дел на установата, на првиот кат, каде што се наоѓа одделението за аутизам. Двајца инспектори во цивилна облека постојано со него се во собата и будно го следат, дознава „Република“.

Поврзани новости