791
Мина Зиројевиќ, која е дел Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“ за српските медиуми зборуваше за ученикот Коста Кецмановиќ кој го изврши масовното убиство во училиштето и рече дека според она што можела да го слушне од учениците кои го познавале Коста, неговото однесување било такво што ништо не укажувало дека може да се случи трагедија, туку дека се забележува дека е компетитивен и понекогаш малку се карал со децата кои можеби биле подобри од него во класот.
-Сега се зборува дека токму тоа е причината и дека никој не го малтретирал од смената во која посетувал настава, изјави Зиројевиќ.
Таа додаде дека учениците сега се во страв и дека за нив судир со реалноста било кога ги виделе умрениците од нивните другари.