Косовските медиуми објавуваат дека имало обид за атентат на Курти во Скопје, МВР демантира

by Fokus

Повикувајќи се на извори од косовските безбедносни служби , Радиотелевизија Косово објави дека имало план за атентат врз косовскиот премиер Албин Курти, за време на неговата посета на Скопје. Атентатот како што се наведува, бил подготвуван од српски структури. Курти во изјава за косовските медиуми потврдил дека имало закани од поединци и структури, кои според него, имаат корени од официјален Белград.

,Кога дојдов до Скопје не се чувствував загрозено, но видов дека има многу полициски сили кои беа загрижени за средбата која ја одржуваме, на која специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларс Клингбеил”,вели Курти.

Од македонското министерство за внатрешни работи ги демантираа наводите за атентат.

„При посетата на премиерот Албин Курти на Скопје, немало обид за атентат врз него. Посетата на премиерот Курти беше организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки“наведуваат од МВР.

 

Поврзани новости