Косовскиот премиер позитивен на Ковид-19

by Frosina Fakova

Косовскиот премиер Авдулах Хоти на Фејсбук објави дека е позитивен на Ковид-19.

Хоти пишува дека нема видливи симптоми, освен лесна кашлица, и дека премиерските обврски во наредните две недели ќе ги извршува од својот дом, каде што ќе биде во изолација.

– Денеска направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Немам симптоми, освен една мошне лесна кашлица. Од вечерва сум во изолација во наредните две недели. Обврските ќе ги извршувам од дома, напиша Хоти. 

Поврзани новости