Косовскиот министер за правда Салаху ја одложи посетата на Македонија

by Fokus

Посетата на косовскиот заменик министер за правда, Блерим Салаху, најавена за денеска, се одложува, потврдуваат за „Фокус“ од министерството за правда.

Како што најави Салаху, на неговата агенда беше ставена и посета на косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, односно за настаните од мај 2015 година во Куманово.

Иако македонскиот заменик-министер за правда, Агим Нухиу вчера рече дека денеска треба да вима средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но не и да се  сретне со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Засега не се знае дали токму тоа е причина за одложување на најавената посета.

Поврзани новости