485
Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, го посети притворениот косовски државјанин, Томор Морина, во затворското одделение во Шутка. Како што пренесе Дедај, Морина се чувствува добро и не се жали на ништо.
Досега во негова посета биле и некои негови роднини. Томор Морина беше уапсен пред десетина дена на граничниот премин, Блаце, од страна на македонската полиција, а по потерница од Интерпол.
Него го бараат властите во Србија заради воени злосторства во Косово. Во меѓувреме се чека одлука од Кривичниот суд и Министерството за правда, дали Морина ќе ѝ биде испорачан на Србија.