Косовската полиција запре комбе на Пошта на Србија на преминот Јариње

by Fokus

Косовската полиција на преминот Јариње запрела комбе на Пошта на Србија со писма, кое сообраќа на редовната линија Рашка – Грачаница.

Како што наведуваат од Пошта на Србија, запирањето комбиња и приватни пратки за жителите на Косово следува по вчерашната рација во девет филијали во четири општини на северот на Косово кои од вчера се затворени, а документите одземени, додека директорот и менаџерите однесени на информативно интервју.

„Новата акција на косовската полиција ја влошува состојбата и ја зголемува загриженоста кај српското население, затоа укажуваме на итноста за решавање и смирување на тензиите, суспендирање на сите дејствија кои се против претходно постигнатите договори и овозможување непречено функционирање на поштенскиот сообраќај во северот на Косово и Метохија“, соопштија од Пошта на Србија.

Поврзани новости