Косовската полиција нуди 10 илјади евра за информација околу убиството на Ивановиќ

by fokus

Косовската полиција нуди награда од 10 илјади евра за понудена корисна информација поврзана со убиството на  Оливер Ивановиќ.

„Косовската полиција веднаш по трагичниот настан максимално е ангажирана во расветлувањето на убиството на Оливер Ивановиќ,што се случи на ул.„Сутјеска“ во севрниот дел на Митровица. Но, за што поитна идентификација на сторителите на овој криминален чин полицијата бара помош  од граѓаните и апелира на соработка за расветлување на случајот“, стои во апелот.

Во меѓувреме премиерот Рамуш Харадинај за 18 часот свика седница на Советот за национална безбедност, околу актуелна безбедносна состојба во земјата.

Фото: Танјуг

Поврзани новости