601
Шефот на пратеничката група на опозициската Демократска партија на Косово, Абељард Тахири, порача дека владејачкото мнозинство е во длабока криза, која, според него, може да се реши со распишување нови парламентарни избори.
По новиот неуспешен обид на Претседателството на Собранието да одржи седница, Тахири рече дека по поразот на локалните избори владејачката Самоопределување предводена од премиерот Албин Курти ја изгубила волјата за владеење.
-Парламентарниот грч најдобро би се решил со нови избори, затоа што сме влезени во постојана криза на Собранието. Немаат волја да бидат присутни во Собранието, вие гледате дека не доаѓаат ниту министрите ниту пратениците – тој.