343
Казната од 150 евра за сопствениците на возила со српски регистарски таблички со почетните букви на градовите во Косово ќе почне од вторник, 22 ноември, а не утре, 21 ноември, соопшти косовската полиција.
Издавањето предупредувања ќе продолжи и утре, 21 ноември, јавува „Репортери“.
„По овој датум, од 22 ноември до 21 јануари 2023 година, за сите сопственици на возила кои се движат на територијата на Косово со вакви регистарски таблички, согласно официјалното решение, косовската полиција ќе започне со изрекување казни согласно законите кои се во сила“, се наведува во соопштението на косовската полиција.