466
Kосовското министерство за здравство соопшти дека околу 95 отсто од децата во оваа земја се вакцинирани, со што Косово влегува во редот од државите со највисок степен на имунизација.
Претседателката на собраниската Комисија за здравство, Беса Бафтиу вели дека благодарение на вака високиот процент на имунизација во последните години не е забележан ниту еден случај на заболен од сипаници.
Еден од методите кои локалната власт ги применува е наложување на луѓето кои примаат социјална помош да достават уверение од Центарот за семејно здравје дека детето им е вакцинирано, инаку нема да ја примат помошта.