Косово: Секоја четврта жена вработена во медиум била сексуално нападната

by Fokus

Секоја четврта жена која работи во медиуми во Косово вели дека била сексуално вознемирувана или нападната на работа, пишува весникот „Коха диторе“, според истражување на „Мирна промена“ („Peaceful Change“) за „Жените во медиумите“.

Како што пренесува БТА, авторката на студијата, Дафина Халили, за програмата „60 минути“ на косовската национална телевизија КТВ изјави дека 27 отсто од анкетираните жени изјавиле дека биле сексуално нападнати.

Според неа, некои од овие жени дури и ја напуштиле работата токму поради оваа причина.

Во последните шест години во косовската полиција биле пријавени 225 случаи на сексуално насилство, а во последната година најмногу, 58, пишува албанското издание на Радио Слободна Европа.

Поврзани новости