Косово побара признавање од Грција

by fokus

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, од шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, кој денеска престојуваше во Приштина, побара официјална Атина да ја признае независноста на косовската држава. По средбата, Османи преку Твитер порача дека „воспоставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Грција би придонело за развојот на регионот и за опстоен мир“.

-Денеска го примив министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и повторив дека воспоставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Грција би придонело за развојот и мирот во регионот. Очекувам да продолжиме со јакнењето на билатералните односи во наредните години“, напиша Османи.

Поврзани новости