388
Косовскиот премиер Албин Курти денеска најави дека Косово оваа седмица ќе поднесе барање за членство во Европска Унија.
– Пред една година најавивме дека ќе поднесеме апликација за членство, а денеска најавуваме дека оваа недела ќе ја доставиме апликацијата до ЕУ. Дојде време статусот на потенцијален кандидат официјално да се претвори во кандидат за членство, истакна Курти.