На 17 февруари се одбележува годишнина од независноста на соседно Косово. Поранешната српска покраина денеска е независна држава, иако се уште е предмет на спор и дискусии со Србија.
Имено, Белград и до ден-денешен не ја признава независноста на Косово. Истовремено, во официјална Приштина се подготвуваат низа прослави и настани по овој повод. Од друга страна, српската страна се уште стои на ставот дека со признавањето на Косово е прекршен меѓународниот правен поредок, потсетувајќи дека на денешниот датум пред 16 години повеќе од половина од членките на ОН биле против независноста.
Косовскиот премиер Албин Курти нагласува дека во последните 16 години се гради држава со стабилен правен систем, која нуди еднакви можности за сите граѓани. Сите партии од Македонија од албанскиот блок ја честитаа независноста.