412
Косовската полиција му забрани влез на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кој со делегацијата на воено здравство требале да го посетат Клиничкиот центар во Косовска Митровица.
Во соопштението на Вулин тој вели дека: „Во одговорот од Приштина е наведено дека не се во можност позитивно да одговорат на барањето, со што уште еднаш се покажа дека Рамуш Харадинај лаже“.
Според Вулин, неговата посета имала хуманитарен карактер.