502
Косовската влада ја усвои денеска одлуката за засолнување на 20 новинари и на нивните потесни семејства, поради хуманитарната криза предизвикана од руската агресија врз таа држава , јави дописникот на МИА од Приштина.
Со одлуката, како што информира косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, се предвидува на новинарите да им се обезбедат и услови за вршење на нивната професионална работа.
– Ова е морална обврска која Косово ја има кон тие луѓе кои се загрозени од руската агресија, изјави Свечља, нагласувајќи дека на новинарите и нивните семејства им се нуди целосна институционална заштита.