548
Косовската Влада на денешната седница донесе одлука за формирање Американска економска зона во Ѓаковица, западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Премиерот Рамуш Харадинај изрази големо задоволство за официјализирањето на иницијативата, нагласувајќи дека од страна на Владата се направени потребните подготовки за почетокот на нејзината реализација.
– Посебно е за одбележување тоа што ќе уследи физибилити план, што подразбира вклучување во проектот и на американскиот УСАИД, рече Харадинај на владината седница.