693
Владата на Косово денеска донесе одлука со која, поради опасноста од ширење на заразата на Ковид-19, им се забранува влез во земјата на лицата кои доаѓаат од Индија, Бразил и Јужна Африка, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според владината одлука, косовските државјани кои доаѓаат од споменатите земји се должни да одат во 14-дневен карантин, со обврска за тестирање два пати неделно.
Граѓаните на Косово кои ќе транзитираат по пристигнувањето од тие земји немаат потреба да одат во карантин.