345
Северна Македонија се наоѓа на 63. место според „Индексот на владеење на правото“ на вашингтонската невладина организација World Justice Project. Во извештајот објавен денеска, се посочува дека Данска ја предводи листата, додека во рамки на Европската Унија Бугарија и Унгарија се најслабо рангирани кога е во прашање владеењето на правото.
Меѓу земјите од Западен Балкан, најдобро пласирано е Косово (57), потоа Северна Македонија (63, на ланската лита 64 – скок за едно место) и Босна и Херцеговина (70). Црна Гора не е спомената на листата. Србија, која бележи пад во однос на лани, годинава е на 83. место, додека Албанија е на 87. место од вкупно 140 рангирани земји.