Европскиот парламент во Стразбур денеска без гласање ја одобри одлуката за визна либерализација за граѓаните од Косово.
Во таа прилика претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола изјави дека не добила никаков предлог за отфрлање на ставот на Советот и каков било амандман.
„Затоа, ставот на Советот беше одобрен и предложениот акт беше усвоен“, рече Мецола.
Новите правила ќе им овозможат на имателите на пасоши издадени од властите во Приштина да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, а треба да стапат во сила најдоцна од 1 јануари 2024 година.
По усвојувањето во ЕП, визната либерализација за Косово треба да биде потпишано и објавено во официјалниот весник на ЕУ.
Укинување на визите за граѓаните на Косово за патување во ЕУ беше предложено од Европската комисија во декември, врз основа на оценката дека Косово постигна значителен напредок во сите области од патоказот за визна либерализација.