Косово бара македонските власти да ја преиспитаат одлуката за задолжителни тестови за нивните граѓани

by Frosina Fakova

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај денеска побара Северна Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни ПСР тестови за влез на граѓаните од Косово во земјата.

Земај на Фејсбук напиша дека одлуката на македонската Влада им штети на косовските граѓани и на бизнисот.

Тој побарал од Амбасадата на Косово во Северна Македонија да ги контактира властите за изнаоѓање на решение.

– Побарав од амбасадорот Џерџ Дедај да се обрати до надлежните органи и да им го пренесе нашиот став за потребата за соработка на нашите држави со цел да се надмине пандемијата и за заедничка координација во борбата против коронавирусот, истакна Земај.

Поврзани новости